Сабота, 27 Април 2024

Мој Телекабел Ваш личен профил за пристап и увид во вашата сметка

Политика за приватност

Со квалитетно и професионално работење на мотото – клиентот е секогаш на прво место, Телекабел со својот стручен кадар посветува големо внимание и се грижи за заштитата и сигурноста на податоците на своите претплатници во сите свои деловни процеси.

Политиката за приватност Ви појаснува каде и како се чуваат и собираат податоците од страна на Телекабел за време на вашата посета на нашите веб страници и како истите се користат. Ова политика не се однесува на Вашата посета на други веб страници, на кои ќе пристапите преку нашата веб страница.

Секој корисник при регистрација и користење на онлајн услугите на Телекабел, изјавува дека е запознаен и се согласува со нашата Политика на приватност.



Собирање и обработка на лични податоци

Поради системска заштита, секогаш кога ќе ги посетите веб страниците на Телекабел, нашиот веб сервер привремено го регистрира вашиот домен и IP адреса на работната страница, заедно со уште неколку технички податоци во сесијата т.е. посетата на веб страниците. Исто така во одредени случаи Телекабел може да запише информации во форма на „Колачиња“ на Вашиот компјутер, со цел да ја приспособиме посетата на веб страниците според вашите потреби и навики. Сите информации кои се чуваат во форма на „Колачиња“ можат да бидат искористени само за потребите на веб услугата и тоа на начин на кој Вашата приватност нема да биде загрозена. Личните податоци кои се собираат за време на вашата посета на веб страницата се чуваат согласно одредбите од Законот за заштита на лични податоци и не се отстапуваат на трети страни. Податоците околу кредитната картичка и банкарската сметка ќе бидат чувани и користени исклучиво од страна на НЛБ Тутунска банка со цел наплата на фактури преку извршување на трансакција. Трансакцијата при наплаќање на фактурите е пренасочена и се процесира преку порталот за наплата од кредитни картички на НЛБ Тутунска Банка. Порталот користи современа заштита на податоците и сите процеси се одвиваат преку сигурна конекција со банката. Телекабел ниту ги собира ниту има пристап до информациите поврзани со вашата картичка или вашата сметка во банка.



Користење и пренос на лични податоци

Вашите лични податоци ќе ги користиме само поради техничко администрирање на веб страниците и сервиси на Телекабел. Дел од вашите податоци (како е-пошта или телефонски број) ќе бидат користени за обработка и директен маркетинг само врз основа на ваша претходно изречена согласност и само во обем неопходен за секој поединечен случај. Податоците нема да бидат пренесувани на државни органи, освен во случаи утврдени со закон. Сите наши вработени се обврзани да ги чуваат и да се однесуваат со вашите податоци како со информации од доверлива природа. Вашите лични податоци нема да се отстапуваат на трети страни.



Одлука на претплатниците

Телекабел сака да ги контактира своите корисници за да бидат навремено информирани за сите понуди и новости во однос на нашите продукти и услуги. Доколку се регистрирате на нашата веб страница, Вие се согласувате Телекабел да Ви се обраќа преку е-пошта или телефонски број. Како корисници на услугите на Телекабел ќе бидете информирани за сите битни промени поврзани со вашиот постоен претплатнички договор. Вашите фактури ќе ги добивате само на е-пошта и нема да бидат испраќани по регуларна пошта.



Слобода на информирање

Телекабел по Ваше писмено барање ќе Ви овозможи увид во сите ваши лични податоци со кои располага (име, адреса и сл.).



Сигурност

Телекабел ги презема сите пропишани технички и организациони мерки за заштита на личните податоци со кои располага, поради спречување неовластен пристап и нивна злоупотреба. Нашите сигурносни процедури се предмет на редовни контроли и одраз на најновите технолошки достигнувања во оваа област.



Контакт

Доколку имате какви и да било прашања или предлози за заштита на личните податоци, можете да не контактирате на е-адресата moj@telekabel.net.mk


Бета верзија (можни се грешки во приказот на податоците)

Copyright © 2013 Телекабел. Сите права се задржани.

Контакт e-mail: moj@telekabel.net.mk

Политика за приватност

20+ 17+ 9+ 12+ 5+